Лидерот на либански Хезболах, Саид Хасан Насрала денеска ја предупреди Саудиска Арабија да не се „обложува“ на војна против Иран затоа што тоа ќе ја уништи нивната земја.
Тој, исто така, ги повика Ријад и Обединетите Арапски Емирати да ја запрат војната во Јемен, наместо да купуваат повеќе системи за противвоздушна одбрана.
– Не обложувајте се на војна против Иран затоа што ќе ве уништи, рече Насрала во телевизиското обраќање.
– Вашите домови, како и вашата економија се од стакло. Исто како стаклените градови на Емиратите, рече водачот на Хезболах.