Изјавата на адвокатката Ирена Фрчковска, бранителка на притворената бивша СЈО Катица Јанева, им го дигна притисокот и на граѓаните и на правните стручњаци, со двојните стандарди за снимките кога ги користи Јанева и кога се користат против нејзе.
Фрчковска изјави дека „снимките не може да бидат докази против нејзината клиентка Јанева во криминалната афера Рекет, бидејќи биле прибавени на незаконит начин“!
Оваа изјава предизвика лавина од реакции не само кај стручњаците, туку и кај граѓаните кои бурно реагираат на социјалните мрежи:
– Ајде мајкатааа… -коментираат со потсмев граѓаните.
Истиот тип на „бомби“ со кои беше срушена ВМРО-ДПМНЕ од власт, истиот тип „заевки“ со кои беше сменето името на Република Македонија, истиот тип на незаконски прибавени снимки со кои направија политичка кариера Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и целата нивна дружина… сега не важеле оти биле незаконски прибавени.
Апсурдот да биде совршен, истиот тип снимки, за истите типови на „правни експерти“, како Фрчковска, тие беа во ред кога со нив Катица Јанева стана специјална јавна обвинителка и направи кариера и во притвори и затвор отера половина Македонија, а сега биле невредни.
– Ајде мајкатааа- би крикнал, не само Заев, туку и секој обичен простосмртник кој никогаш не само што не влегол туку не ни поминал покрај Правниот факултет во Скопје, кога ќе слушне како правниве експерти си ја баждарат паланѕата на македонската Божица на правдата!
Овде Заев може да дополни со уште една изјава дека не го отвориле како пупка само судството, туку и овие експертски правни пупки што на народот му продаваат „правда за бубрези“!
(Д.Г.)