Најмалку 20 војници на сомалиската Влада се убиени, а 18 се повредени кога припадници на екстремистичката група Ал Шабаб упаднала во воена база јужно од Могадишу.
Екстремистите активирале автомобил бомба кај воената база Ел Салин, а потоа следел пешадиски напад, соопштија локалните власти.
Екстремистите кусо време имале и контрола над базата.