Релативно непознатиот португалски стручњак, Жорже Силас, е именуван за нов тренер на Спортинг Лисабон, клубот чиј член е македонскиот репрезентативен бек Стефан Ристовски.
Силас кој има 43 години, е поранешен фудбалер, а како дете до 13 години играл и за Спортинг, но го избркале и бил многу разочаран. Сепак, поминаа три децении, и за него ова е позната средина.
„Ме изненади повикот од Спортинг. Истовремено, среќен сум и горд што добив шанса да го водам тимот. Знам каква е одговорноста и што ме чека. Не се плашам од предизвикот. Сите играчи кои се тука, има причина зошто биле донесени, верувам во нив“ – рече Силас.
Задача на новиот тренер е веднаш да го извлече клубот од резултатската криза која ги зафати на сите три фронта каде што настапуваат.