Американскиот сенатор Берни Сандерс ја прекина привремено кампањата за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2020 година поради здравствени причини.
Сандерс беше префрлен во болница вчера, поради болки во градите. Нему му се ставени два стента откако било утврдено дека има блокада на една артерија.
Се очекува Сандерс (78) да одмара во следните неколку дена, така што сите планирани настани се откажани