Десетици илјадници демонстранти повторно се собраа денеска во центарот на Хонг Конг, барајќи поддршка од меѓународната заедница, посебно од САД.
– Упатуваме итен повик до меѓународната заедница да нè поддржи, нема друго решение, повика 24-годишната студентка Чун, учесничка на собирот кој имаше дозвола од полицијата.
Демонстрантите побараа од американските законодавци да донесат закон со кој ќе се дозволат санкции за кинеските лидери. „Законот за човекови права и демократија во Хонг Конг“, кој се очекува оваа недела да го изгласаат американските конгресмени, предвидува годишна проценка на посебниот статус кој САД му го дава на Хонг Конг во однос на трговијата, а би можел да вклучи и санкции за кинески функционери.