Олимпијакос ја забележа својата трета победа сезонава во Евролигата по триумфот на домашен терен од 83-74 над Жалгирис. Грчкиот тим се врати на победничкиот пат и ја прекина серијата од четири последователни порази на турнирот.
Василис Спанулис заврши со 16 поени за Олимпијакос, а Џок Лендејл постигна 23 поени за гостите.
ЦСКА Москва пак го победи Фенербахче со 88:70 во најинтересниот натпревар од осмото коло на турнирот.
Мајк Џејмс постигна 31 поен за московјаните, а Костас Слакас реализираше 20 поени за турскиот тим.
За Фенербахче поразот е четврти во последните пет натпревари во Евролигата и екипата се наоѓа на 15-то место на пласманот со 2 победи и 6 порази.
Осма рунда во Евролига:
Црвена Sвезда – Вилербан 72:74
ЦСКА Москва – Фенербахче 88:70
Валенсија – Баерн Минхен 82:56
Олимпијакос – Жалгирис 83:74
Во пласманот на челое Макаби Тел Авив со 6 победи и 2 порази, по што следуваа ЦСКА Москва 6/2, Барселона 6/2, Химки 6/2, Ефес 6/2, Армани Милано 6/2 и други.