Половина од возрасните Словенци годишно не читаат ниту една книга, покажаа нови податоци од истражување „Книга и читатели“ претставено на Саемот на книга во Љубљана.
Шестото такво годишно истражување спроведена од тим на реномирани експерти, нарачана од државна агенција за книги, не дава причина за оптимизам бидејќи културата на читање опаѓа од година во година, според податоци за продажба во книжарниците и саемите на книгите и во народните библиотеки, објави љубљанско Дело.
Словенија станува општество што не чита, намален е бројот на оние кои читаат книги на англиски јазик, но и оние кои купуваат или позајмуваат книги во Словенија во библиотеките, според истражувачите кои учествувале во проектот.
Бројот на луѓе кои не купуваат годишно книга се зголеми за четири проценти од 2014 до 2015 година, така што сега е 53 проценти, а бројот на оние кои купуваат книги е зголемен за седум проценти, но само како подарок.
Бројот на луѓе кои читаат најмалку една книга годишно е најмал од 1973 година откако се спроведува истражувањето.