Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Л. (53) од селото Долна Белица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што соопшти МВР, на 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар.