Голманот на Баерн, Мануел Ноер ја коментираше победата на натпреварот во Лигата на шампионите против Тотенхем (3:1). Тимот од Минхен стана првиот германски тим што остварил победа на сите шест меча во групната фаза.

– Остваривме историско достигнување. Но ние не сакаме само да рушиме рекорди, туку пред сè сакаме да победуваме. Фантастично е тоа што се случи во групната фаза. На сите шест натпревари игравме многу добро и стабилно. Имаме уште три натпревари на кои треба да дадеме се од себе за да оствариме три победи ако е тоа можно, истакна Ноер.

За разлика од ЛШ, на Баерн не му оди најдобро во Бундеслигата каде по 14 кола е седми со седум бода заостанување зад лидерот Борусија Менхенгладбах.