Познатиот актер Дани Ајело, кој ќе биде запаметен по филмовите „Кум“, „Леон: професионалец“, ,,Беше еднаш во Америка “,„ Направи го вистинското нешто“, по кусо боледување, почина на 87-годишна возраст.
Според американски медиуми, се претпоставува дека Ајело починал од инфекција.
Зад себе ја остави сопруга Сенди, со која беше во брак од 1955 година и три деца. Тој стана познат по улогите во „Направи го вистинското нешто“ и „Кум 3“ во кој глуми Тони Розати, чиј лик е познат по неговата легендарна реченица „Мајкл Корлеоне вели здраво“.