Тироидната жлезда, жлезда во форма на пеперутка во вратот, може да има драматичен ефект врз голем број телесни функции.

Тироидната жлезда се наоѓа под гркланот и произведува тироидни хормони кои ја регулираат, меѓу другото, телесната температура, метаболизмот и работата на срцето. Работите може да се влошат кога тироидната жлезда работи премалку или премногу.

Овој вкусен пијалак содржи различни состојки кои ја стимулираат работата на тироидната жлезда и исто така е вистинска бомба со витамини, минерали и антиоксиданти.

Рецептот го сподели овластена холистичка нутриционистичка терапевтка Сиеда Киран Захра Хусеин и се состои од:

7 чаши изворска или филтрирана вода
1 чаша 100% сок од брусница
¼ лажичка сушен ѓумбир
½ лажичка цејлонски цимет
¼ лажичка морско оревче
¾ чаша свежо исцеден сок од портокал
¼ чаша свежо исцеден сок од лимон

Подготовка:

Загрејте ја водата на оган и пред да зоврие додадете сок од брусница, а потоа додајте ги зачините и оставете да зоврие на најниска температура 20 минути. Кога ќе се излади на собна температура, додадете сок од портокал и лимон. Количината е предвидена за еден ден.

Тајната на лековитоста на пијалакот за тироидната жлезда

Брусницата е одличен извор на јод што е од суштинско значење за здравјето на тироидната жлезда, а овие бобинки содржат дури 400 мцг и се еден од најдобрите природни извори на јод. Соодветниот внес на јод помага во детоксикација на организмот, регулирање на метаболизмот, растот и развојот.

Ѓумбирот има посебно место во многу кујни заради специфичната арома и неговиот лут и зачинет вкус што го одделува од другите зачини, но и заради неговите лековити својства.

Илјадници години се користи како зачин и лек, и до ден денес. Во својот хранлив состав, ѓумбирот главно содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

Свежиот ѓумбир помага во намалување на високиот холестерол. Во исто време, ја намалува надуеноста на желудникот.

Има позитивен ефект врз обновувањето на цревната флора, има лаксативно дејство. Тешките главоболки и мигрена можат да се ублажат со конзумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.

Содржи магнезиум кој се покажа како клучен во контролирањето на болести на тироидната жлезда. Исто така, има антиинфламаторни својства кои помагаат да се спречат воспалителните процеси поврзани со хипотироидизам.

Антиоксидантите од цимет го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат желбата за јаглехидрати, притоа не поттикнуваат прекумерно лачење на инсулин,што е важен фактор за успешно слабеење.

Истражувањата покажаа дека земањето само половина лажица цимет на ден може да помогне во намалување на лошиот холестерол, а исто така помага при лошо варење и има ефект на намалување на триглицеридите. Тоа е повеќеслоен лек за тироидната жлезда.

Содржи екстракт кој игра суштинска антиинфламаторна улога во поттикнување на експресија на нивото на mRNA во области на проинфламаторни цитокини. Лаички, медицинската примена на цимет може да игра голема улога во третманот на бавната функција на тироидната жлезда. Покрај тоа, циметот има антиинфламаторно дејство и ја намалува отпорноста на инсулин, што е тесно поврзано со појавата на Грејсовата болест.

Морско оревче е природен подигнувач на расположението и седатив, и го поттикнува метаболизмот.

Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, кој е неопходен за многу процеси во организмот. Содржи идеален однос на фруктоза и гликоза, како и минерали магнезиум и калиум. Има позитивен ефект врз тироидната жлезда и ја зголемува глукуронската киселина, која ги врзува и ги елиминира токсините од организмот и помага во правилната функција на хормоните.

Сокот од лимон е вреден хранлив состав и исклучителен лек за најразлични болести, помага во детоксикацијата и го зајакнува имунитетот.

Хипотироидизам се јавува кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони. Оваа болест ги погодува двата пола, но најчесто жени на возраст над педесет години. Тироидната жлезда го регулира метаболизмот, а ниското ниво на хормони го забавуваат телото и во исто време бројни процеси, од метаболизмот до телесната температура. Кога не се лекува, тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Ако имате забавена работа на тироидната жлезда, пијте го овој пијалок секој ден.

Овие намирници се неопходни за лекување на тироидната жлезда и одржување на истата во здрава состојба:

Грав

Гравот е значаен извор на енергија, што може да биде корисно ако хипотироидизмот предизвикува исцрпеност. Гравот содржи протеини, антиоксиданти, комплексни јаглени хидрати и многу витамини и минерали. Исто така, богат е со растителни влакна, кои можат да бидат корисни ако страдате од бавно варење.

Риба

Омега-3 масните киселини ги прават масни риби, како што се дивиот лосос, туна или сардини, одлични за ручек или вечера.

Неправилно контролираниот хипотиреоидизам може да го зголеми нивото на ЛДЛ, исто така наречен лош холестерол и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Познато е дека  Омега-3 го намалуваат воспалението, помага при ослабен имунитет, го намалува ризикот од срцеви заболувања. Рибата е исто така добар извор на селен, важен за функцијата на тироидната жлезда.