Против Пол Манафорт, поранешен шеф на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска е отфрлена тужбата на државата Њујорк за измама во врска со стамбената хипотека и други кривични дела, откако тој тврдеше дека му се суди двапати за исто кривично дело.
Судијата Максвел Вајли пресуди дека сојузниот закон оневозможува судски процес.
Манафорт е осуден во два федерални случаја и отслужува затворска казна од седум години поради странско лобистичко дејствување, прикривање милиони долари од даночните власти и охрабрување сведоци да кажуваат лаги во негово име.
Тој не беше присутен во судницата поради здравствени проблеми.
– Очевидно, ние сме многу среќни, изјави адвокатот на Манафорт, Тод Бланш.
Манафорт минатата недела поради срцеви проблеми е префрлен во болница од федералниот затвор во Пенсилванија, потврдијадве анонимни лица запознати со случајот.