ЈАНУШЕВ ДО ЗЕКИРИ: Нема потреба да кажувате што треба да се направи, тоа ќе го стори ВМРО по 12 април

/ 18.12.2019

Во вечерашното гостување на Само вистина, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев истакна дека СДСМ веќе се однесува како да е опозиција, односно користи реторика на опозициска партија. Тоа го докажува и однесувањето на Мухамед Зекири кој пак вели дека треба да се направат многу реформи во правосудството и во сите останати институции.

Јанушев додаде дека Зекири нема потреба да набројува што треба да се направи во иднина, бидејќи за чекорите во иднина ќе одлучува ВМРО-ДПМНЕ после 12-ти април, а СДСМ и Зекири треба да работат сега, бидејќи власта раководи со сите институции.

-Господине Зекири, не се однесувајте како опозиција. Вие сте власт и мора да одговарате за се што се случува во моментот во нашата држава. Вашата неспособност, лошото раководење на институциите и поразителните резултати на нашата држава немојте да ги припишувате на никој друг, освен на самите себеси. На 12-ти април 2020 година, доаѓа ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш државата ќе функционира како што доликува на земја која се стреми кон ЕУ, истакна Јанушев.

Република Македонија треба да остане силна и истрајна во борбата која што е започната. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе обновата на Македонија која ќе ја крене државата од пепелта во која се наоѓа и граѓаните ќе живеат достоинствен живот, додаде Игор Јанушев.


Од истата категорија