Научниците од ИНРА (францускиот институт за научни испитувања во агрикултурата) и ветеринарната школа од Тулуз предупредуваат на ризикот од евентуално враќање на кризата со говедското или кравјото лудило. Притоа научниците го открија и потеклото на епидемијата, јави дописникот на МИА.
Говедското лудило и кризата тешко ја погоди Велика Британија во средината на осумдесеттите години на минатиот век, со последици од другите европски земји. По повеќе од седум години на испитувања, научниците од ИНРА и Националната ветеринарна школа од Тулуз направија ново откритие во врска со ова здравствена криза. Триесет години по појавата на говедската спонгиформна енцефалопатија (ЕСБ), научниците се чини дека го утврдиле можното потекло на епидемијата. Нивните експерименти покажаа дека протеинот што предизвикува невродегенеративни заболувања кај многу животни може да ја премине бариерата на видовите, природно ограничувајќи го неговото ширење само на говедата.
Истражувачите дошле до овој заклучок со вбризгување на одредена варијанта на оваа болест кај овците (овчо тресење) на глувци. Резултат: во 95 отсто од случаите, трансгеничните глодари развиле говедска спонгиформна енцефалопатија. Патологијата потоа се пренесува на луѓето по консумирање на заразеното месо.
– За првпат, овие податоци даваат експериментално основано објаснување за појавата на болеста на говедското лудило во средината на осумдесеттите години во Велика Британија, се наведува во соопштението на ИНРА објавено од Оуест Франд.
Според научниците, ризикот од епидемија на говедското лудило сè уште е присутен и тие презедоа чекори за да ги ограничат ризиците.
Затоа, властите ја забранија потрошувачката на храна од животинско потекло, но исто така и производи добиени од трупови и остатоци од животни загадени со ЕСБС.
– Денес синџирот на исхрана е заштитен со овие мерки и благодарение на нив нема повеќе случаи на зараза. Затоа речиси успеавме да ја елиминираме спонгиформна енцефалопатија на говедата, рече Оливие Андреолети, ветеринар и патолог.
Сепак, спроведувањето на овие мерки е скапо, без да се заборави притисокот од индустријата. Научникот особено посочува на евентуално зелено светло од Европската комисија за враќање на храната за добитокот со животинско потекло на пазарот.
– Ако повторно почнеме да ги имаме истите практики, ќе ги имаме истите ефекти, предупредува тој