Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска во Тирана рече дека Црна Гора е посветена на регионалните иницијативи и оти во блиска иднина ќе учествува во разговорите во рамки на иницијативата „мини Шенген“ и ќе придонесува за регионот на Западен Балкан што поскоро да ја оствари својата европска интеграција.
На прес-конференцијата по состанокот на лидерите од Западен Балкан во рамки на иницијативата за отстранување на пречките за слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе, Ѓукановиќ потсети дека Црна Гора е полноправна членка на 27 регионални иницијативи и во моментот претседатава со шест тела.
– Тоа значи дека ние силно веруваме дека регионалните иницијативи се одлична можност да се изгради доверба и, врз основа на тоа, да се постигне соработка што ќе придонесе за развој на регионот како целина“, рече Ѓукановиќ