Во дом за старци во Загорје, во северозападниот дел на Хрватска, утрово избил пожар, а според првичните информации неколку лица загинале.

Локални медиуми тврдат дека во пожарот загинале шест луѓе.

Како што се наведува, покрај домот во дворот се наоѓал дрвен објект, во кој веројатно биле сместени и штитениците на домот. Објектот целосно изгорел.

Засега не се познати причините за пожарот, а полицијата врши увид.