Инфекцијата на синусите е состојба при која се појавува оток или воспаление на слузницата која ги обложува синусите. Ова се случува кога синусите се исполнети со течност и бактерии наместо воздух.

Вообичаени симптоми на воспалени синуси се:

главоболка
губење на мирис
кашлица или гушење
замор
непријатен мирис од уста
треска
полн нос
болка во таа област

За среќа, постои начин ефикасно да се излечи оваа инфекција.

Потребни состојки:

1/2 чаша чиста вода за пиење
1/4 чаша јаболков оцет
1 лажица суров мед
1 лажица црвен пипер
1 исцеден лимон

Подготовка:

Зовријте вода, а потоа истурете ја во чашата. Додадете јаболков оцет и промешајте, па оставете да се излади на собна температура. Откако ќе се излади, додадете бибер и мед и повторно промешајте. На крај, додадете сок од лимон и добро измешајте.

За најдобри резултати, пијте го овој раствор на празен стомак пред појадок и пред спиење.

Солта е главен извор на Na + и Cl за луѓето и животните. Јоните на Na+ играат клучна улога во многу физиолошки процеси од одржување постојан крвен притисок до одржување на нервниот систем. Затоа, внесувањето сол е неопходно за живот. Солта може да се користи во медицински цели.

Еве како можете да се ослободите од многу здравствени проблеми со придобивките од овој зачин.

1. Алергии и воспаление на синуси

Луѓето кои имаат проблеми со хроничен синузитис или имаат пролетни алергии, слепо треба да се држат до овој чудесен раствор од сол, кој ќе им помогне во отстранување на запушениот нос, бидејќи солта е идеално решение за воспалена слузокожа. Истурете мала лажичка сол во три децилитри зовриена вода. Откако течноста ќе се олади, исплакнете ги ноздрите два пати на ден со шприц. Можеби на почетокот ќе чувствувате мала непријатност, но после неколку дена ќе се навикнете кога ќе почувствувате подобрување.

2. Болка во грло

Сите знаеме колку болното грло може да биде иритирачко и упорно.За да ја намалите болката, направете течност со која ќе го испирате грлото неколку пати на ден. Истурете една лажичка сол во два децилитри вода и мешајте додека не се раствори солта.

3. Чувствителни непца кои крварат

Многумина имаат проблеми со чувствителни непца кои обично крварат, што подоцна може да доведе до сериозно оштетување или, во најлош случај, парадентоза. Како превентива, направете раствор, со кој ќе ја испирате устата секој пат кога ќе ги миете забите. Растворете една лажичка сол во еден децилитар вода. Со овој раствор само измијте ја устата, а потоа плукнете.

4. Отечени нозе

Болката и отокот во нозете стана речиси сечија секојдневнина. За да се ослободите од овие непријатни последици од подолготрајното стоење по напорниот ден на работа, би било идеално да подготвите купка за нозе. Истурете четири лажици сол и неколку капки етерично маско од еукалиптус, лаванда или нане во топла вода.

5. Забоболка

Забоболката знае дека е упорна, за да се ослободите од болката по природен пат, треба да ја исплакнете устата со раствор од еден децилитар топла вода, две лажици оцет и една лажичка сол. Но, запоменте, ова е само привремено решение пред да го посетите вашиот стоматолог.