Собраниска седница за Предлог-законот за јавно обвинителство денеска во 17 часот, по завршување на проверката на законот и консултации во пратеничките групи.

Ова било договорено на денешната координација со спикерот Талат Џафери.

На денешната седница ќе се утврди потребата за донесување на овој закон.

Информациите од Собранието се дека законот за јавно обвинителство би можело да биде причина за неколкудневно пролонгирање на распуштањето на Парламентот, но не и на изборите најавени за 12 април. Официјално никој не знае дали и кога ќе се распушти законодавниот дом.

Собранието го очекува интензивна агенда пред распуштањето имајќи предвид дека за утре е планирана свечена седница за ратификација на протоколот за НАТО, обраќање на словенечкиот претседателот на Собранието, но и можни продолженија или уште една нова седница за измените на Изборниот законик, согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, за кои најверојатно пратеничките групи ќе постигнат согласност.

Во меѓувреме денеска заседаваат и неколку комисии со закони по скратена постапка.