ОД КОГО Е, НЕ Е ЧУДНО ШТО Е МНОГУ ПОГЛУПАВО: Зиков за Мизрахи – „Малку глупаво како за Еврејка!“

/ 13.02.2020

Нов атак на етничка база врз министерката Рашела Мизрахи. Во одбрана на владејачката СДСМ која е во клинч со министерката од редовите на опозицијата сега е новинарот Љупчо Зиков, пишува Курир.

Новокомпонираниот познавач и толкувач на еврејските обичаи во услови на владеење на социјалдемократска хунта во Македонија, барем според напишаното, за Рашела Мизрахи процени дека не се однесувала еврејски?!

Поранешниот новинар, сега наратор и етнолог, кој беше предлог на СДСМ за финансиски директор во државната компанија МЕПСО, а сега фигурира како член на Управен одбор, до овој „заклучок“ дојде споделувајќи една, како што вели тој, стара еврејска мудрост. Од друга страна, познат е и по пофалбите за ВМРО-ДПМНЕ во нивните најдобри денови на владеењето.

„Една стара еврејска приказна:

Таткото на смртна постела го повикал синот и му рекол дека освен воспитувањето, како и начинот на размислување што му ги дал, нема што друго да му остави на синот.

Таткото, сепак, му порачал дека во старата куќа, кај дедо му, оставил две кутии – црна и бела.
– Синко, кога ке ти биде најтешко во животот ке ја отвориш црната кутија, а кога ке ти биде најубаво во животот ке ја отвориш белата кутија.

Му станало на синот најлошо во животот и кога ја отворил црната кутија во неја немало ништо … освен ливче на кое пишувало кратко – Ке помине …!

Потоа на синот му станало најубаво во животот и ја отворил белата кутија. Во неја исто така ливче на кое пишувало – и тоа ке помине синко …

Значи …
Не знам дали Мизрахи како гордо декларирана Еврејка ја слушнала оваа многу длабока, и полна со пораки приказна на стариот Евреин … Но, да ми прости, и таа, и партијата од чии редови е, министерката ни малку не се однесува еврејски, она што го знаеме за овој народ полн со памет и мудрости наод нашироко во светот прифатен.

Напротив
Малку глупаво како за Еврејка. Неприфатливо.“ – напиша Зиков, кој со Минчо Јорданов и Бучковски основаа некоја партија пред некоја година и поминаа искапени како во калта во Преспанско Езеро.

Зиков не е прв новинар во атак на Мизрахи. Му претходеа Тричковски и Зоран Иванов. Нивна претходница, пак, беа активисти на СДСМ. На екс Бихаќка се кладат кој еселдниот новинар кој ќе ја нападне Рашела Мизрахи и ќе го освои пехарот за најголем антисемитист во партијата која толку многу се залага за едно општество за сите. За сите социјалдемократи, нели…


Од истата категорија