Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави денеска дека властите не го притвориле лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо затоа што судовите не издале наредба, но предупреди: „Тоа ќе се случи“.

Мадуро ги изјави овие забелешки на состанок со претставници на меѓународни медиуми три дена откако Гуаидо се врати од турнејата низ САД и Европа, пркосејќи и на судската забрана за него да ја напушта земјата.

И покрај наредбите, гслужбените лица на граница го пуштија Гуаидо во земјата, откако пристигна со комерцијален лет на главниот меѓународен аеродром во Венецуела.

Мадуро рече дека Гуаидо ќе биде уапсен во денот кога венецуелскиот правосуден систем ќе одлучи дека треба да биде затворен, „за сите злосторства што ги сторил“.

„Тој ден се уште не е пристигнат“, додаде тој како одговор на прашањето од репортер на АП. „Но, ќе дојде“.

Лидерот на опозицијата сега по вторпат патуваше надвор од Венецуела и покрај забраната. И во двата случаи му беше дозволено да се врати во земјата.