Во 1988 година Денис Тачер, сопругот на тогашната британска премиерка Маргарет Тачер, при планирањето на прием на Даунинг стрит број 10 го вброил Пол Макартни во групата непосакувани гости.

Според неодамна објавените документи Денис Тачер ставил знак прашалник покрај името на Макартни на предложената листа со гости што ја ревидирал.

Сопругот на премиерката ги подвлекувал имињата на гостите, чие присуство го одобрувал, додека ставал прашалници кај непосакуваните гости.

Во една забелешка дури и напишал дека ги смета за „непосакувани гости оние, кои јавно ја навредуваат премиерката“.

Денис Тачер под знак прашање ја ставил и поканата за природонаучник Дејвид Атенборо и пејачката Ширли Бејзи.

МИА