Албанскиот претседател, Илир Мета, на средбата со известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Изабел Сантос искажал загриженост поради „алчноста на мнозинството со какви било противуставни средства да го зграпчи Уставниот суд“.
Додал дека на тој начин го поткопува интегритетот на оваа клучна институција за управување со одговорноста и сериозно ја загрозува волјата на мнозинството за отворање на преговори за пристапување со Европската унија.
Според Мета намерата на оваа власт е враќање на диктатурата.
-Благодарен сум за помошта која европските институции и земјите членки го дадоа за албанскиот народ. Усвојувањето на анти-уставниот закон на денот кога во Тирана пристигна Венецијанската Комисија ја покажува длабоката непочит кон оваа меѓународна институција и докажува дека целта на оваа мнозинство е враќање на диктатурата преку правни лекови – рекол претседателот Мета.
Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Изабел Сантос, по средбата со власта и опозицијата, повика на единство во политиката и спроведување на реформите што ја водат земјата земја кон ЕУ.
-За да се овозможи започнување преговори за Албанија, сите политички актери мора да бидат обеднети, рече таа.
Од Тирана Сантос апелираше албанската политика да ги преземе одговорностите за реализација на домашните задачи и да не го вперува прстот кон ЕУ.