Преподобниот Ефрем Сириски прво Го моли Бога да го спаси од духот на страшните пороци, а потоа да му дарува добродетели: целомудреност, смиреноумие, трпение и љубов. „Господи и Владико на мојот живот, дух на целомудреност дај ми на мене, слугата Твој“. Светиот Лука Кримски нѐ потсетува дека светиот апостол Павле рекол дека секој грев е надвор од телото – и гордоста, и суетата, и властољубието, и зависта, и гневот, затоа што тоа се страсти на душата, додека блудот и прељубата го сквернават не само нашиот дух, туку и нашето тело. Значи, се работи за целомудреност на телото и духот. Светиот апостол Павле вели дека нашето тело е храм на Духот Свет. Секој храм треба да биде чист и не смее да се сквернави. За да го сочуваат духот на целомудреноста подвижниците се бореле преку молитва и смирение. Така и великиот подвижник Ефрем Сириски Го моли Бога: „Господи и Владико на мојот живот, дух на смиреноумие дај ми на мене, слугата Твој“. На смирение, Господ нѐ учел преку личен пример: се родил во пештера, бил положен во јасли, со смирение им ги измил нозете на Своите ученици. Господ преку личен пример нѐ учел на смирение, и со зборови нѐ повикал да бидеме смирени: „Поучете се од Мене, зашто Сум кроток и смирен“. Светиот Лука Кримски нѐ потсетува дека смирените луѓе се духовни победници над злото и насилството, дека тоа се вистински Христови војници, а не робови. Светиот апостол Петар вели: а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобивајте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат”. (1Птр. 5,5). Смирението се стекнува со трпение и затоа преподобниот Ефрем Сириски Го моли Бога: „Господи и Владико на мојот живот, дух на трпение дај ми на мене, слугата Твој“. Во своето Соборно послание светиот апостол Јаков вели: „ Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека ви биде совршена работа, за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. Ако некому од вас не му достига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде. (Јк. 1,2-5). Светиот Лука Кримски нагласува: „На Бога Му е угодно кога Го молиме да ни дарува трпение при носењето на крстот. Бог дарува трпение и му помага на човекот неговото бреме да не биде поголемо од неговите моќи. Треба постојано на ум да имаме дека нашите немоќи не се ништо во споредба со страданијата Господови. Затоа треба да гледаме на Крстот Христов и така да се учиме на трпение“. Ништо не ни користи ако се ослободиме од духот на пороците и ги стекнеме сите добродетели доколку во нашето срце и нашата душа немаме љубов. За тој најголем дар на благодатта Божја преподобниот Ефрем Сириски Го моли Бога: „Господи и Владико на мојот живот, дух на љубов дај ми на мене, слугата Твој“. Толкувајќи ја оваа прозба на преподобниот Ефрем Сириски, светиот Лука Кримски, меѓу другото, вели: „За љубовта која е навистина исполнување на сиот закон, за таа љубов молиме, оти ако љубов немаме, тогаш, по зборовите на светиот апостол Павле, сме како бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. Ако имаме дар на пророштво и големо знаење, и таква вера што и гори би преместувале, а љубов немаме, ништо не сме. И ако на сиромашните им го разделиме сиот свој имот, и ако телото свое го предадеме да се изгори, а љубов немаме, ништо не сме. Љубовта е сето она што Исус Христос го велел, сето она што го сторил за време на Својот живот на земјата, а пред сѐ она што го покажал на Голгота. Сето тоа е љубов, но и непрестана проповед за љубовта. Стекнувањето на љубовта е основна и најголема задача на нашиот живот. За љубов треба упорно да се молиме и без престан, зашто нашата задача е да се приближиме кон Бога, да бидеме совршени како што е совршен Отецот наш небесен. А како да Му се приближиме на Бога без љубов? Љубовта го исполнува срцето на човекот кој се труди да Му угоди на Бога, кој постојано се моли и телото свое го смирува, човекот кој се труди да им помогне на оние околу себе. Љубовта Христова во срцето на таквиот човек се влева така што го исполнува до крај, а потоа започнува да се излева и врз другите. Во древните времиња, особено во апостолско време, срцата на луѓето биле преполни со љубовта Христова. За нив Христос и можел да рече: »По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе«“. Преподобниот Ефрем Сириски својата молитва ја завршува со прозбата: „Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите гревови, и да не го осудувам братот свој, зашто благословен си во вековите на вековите“. Светиот Лука Кримски пишува: „Во нашето око се наоѓа грев голем како греда, но не го забележуваме, туку го гледаме само трнот во окото на својот брат. Се сеќавате ли како на Господа Му ја доведоа жената фатена во прељуба, и како Господ тогаш рекол: Кој меѓу вас е без грев, прв нека го фрли својот камен на неа“? Секако дека никој не се осудил да го направи тоа. Не сме без грев и баш затоа не смееме да фрламе со камења на осуда. Пост, Свети Отци Продолжете со читање: Толкување на Великопосната молитва на св. Ефрем Сирин (1) Дојдовме до средината на Постот Имало некој цар во некоја земја, мошне добар и дарежлив… Деновите на Постот се тивко пристаниште Очите Господови се на секое место Оставете коментар 1 Comment on “Толкување на Великопосната молитва на св. Ефрем Сириски (2)” Извести ме Sort by: newest | oldest | most voted Посен Триод: Архива на текстови | Агапи Share […] Толкување на Великопосната молитва на св. Ефрем Сириск… […] 0 Reply 25/02/2015 8:44 Пребарувај за: Најди хотели и дестинации… Дестинација Од До
Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: https://pravoslavie.mk/velikoposna-molitva-efrem-siriski-2/ .