Кинеското Министерство за надворешни работи денеска реагираше на твитот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој Ковид-19 го нарече „кинески вирус“.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг истакна дека Пекинг остро се спротивставува на употребата на тие зборови од страна на Трамп.
Тој додаде дека САД прво треба да се посветат на своите проблеми.