Стефан АНДОНОВСКИ

Нешто за економијата и социјала, каде нема ниедна сериозна мерка (а како и да има кога лидерки се: девојката со купоните и социјалната работничка):
1️.Слободната трговија во која ужива(в)ме од ембаргото во деведесетите до денес е КЛИНИЧКИ МРТВА – се затвораат границите, (ќе) се ограничува извозот, а попаметните држави го организираат производството да им одговара на вонредните состојби. Војната меѓу економските џинови допрва ќе се заострува. За нас, како држава која силно зависи од увоз, два аспекти се клучни: поткревање на домашната економија која е во КОМА (да се надоместат загубите со проста реструктуризација) и да се произведува за домашни потреби: фокус на медицински помагала, дезинфициенси, храна, облека, заштитни материјали (имаме фантастични фабрики со светско реноме кои немаат никаква работа во моментот). Вториот аспект е да се задоволат сегашните (и идни) клучни потреби на граѓаните – НЕ СМЕЕ ДА НЕМА ракавици, маски и дезинфекциони средства.
2️.Ја имате целата власт – викнете ги експертите за финансии (вие две не сте тоа) и подгответе сеопфатен, брз и добро обмислен РЕБАЛАНС. Ова е реален живот, иако во удобните фотелји можеби ви личи на симулација.
3️. Сериозен број на лица се ВЕЌЕ паднати под прагот на сиромаштија и немаат НИКАКВИ примања (келнери и угостители со договори на дело, лица во сивата економија, работници во угостителство, туризам): ИТНИ се социјалните пакети за преживување (храна, средства за лична хигиена и еднократен паричен надомест), сместувачки капацитети за социјални случаи и лица во ризик, директна помош на микро и мали претпријатија за исплата на плати. Додека излегувате по 4 работни часа во денот на пресови кои служат за скап ПР – поработете на овој дел!

А, и да: наместо лажни вести – „истражувачките“ новинари нека отворат очи и нека ги следат итните јавни набавки. Да се потсетиме на 2001-та и воените профитери. За тоа, во некои држави, се оди на бесилка.