Од статистичките податоци добиени ширум светот и исто така од Словенија, јасно е дека новиот коронавирус предизвикува најголем број смртни случаи кај постарите генерации. За жал, во списокот на смртни случаи влегуваат и луѓе кои во поголемиот дел од својот живот имале и мошне добро здравје и кои се на млада возраст, пишува словенечки Дневник.
Иако кај некои од смртните случаи на помлади лица подоцна се открива дека лицето имало одредени здравствени проблеми пред да се зарази со Ковид-19, кај многумина такви проблеми нема, што предизвикува огромни дилеми кај научниците бидејќи тие никако не можат да утврдат зошто во тие случаи болеста добива фатален тек и што е причината за тоа, односно како точно функционира непредвидливиот вирус.
Повеќе теории
Зошто вирусот може да има смртоносен ефект врз здрави и физички силни луѓе? Постојат неколку теории. Некои научници тврдат дека сериозноста на болеста зависи од тоа колку одредено лице ќе внесе вируси во организмот. Колку повеќе сте изложени на голема концентрција на вирусот, толку полошо ќе биде, велат тие. Сепак, многу научници тврдат дека за големинта на оштетувањата на внатрешните органи предизвикани од корона вирусот, клучни се гените на една личност, пренесува „Гардијан“.
Идејата за генетскиот состав ја поддржува и вирусологот Мајкл Скинер од Империјал колеџ, Лондон.
„Многу е можно некои поединци да имаат специфична генетска форма што овозможува вирусот да се шири побрзо и тие поединците ќе реагираат послбо на тоа“, вели Скинер за „Гардијан“.
Скинер ја поткрепува својата теорија со различното однесување на луѓето во случајот со вирусот на херпес. Кај овој вирус луѓето различно реагираат така што некои се повеќе погодени од другите. „Сосема е можно да доживееме нешто слично и при инфекцијата предизвикана од Ковид-19 и затоа некои страдаат повеќе од другите“, смета Скинер.
Иако теоријата е можна, таа не е научно докажана. Од друга страна, има многу експерти кои ја поддржуваат претпоставката дека количината на вирус што еден човек ќе го внесе во себе е клучна за тешкотиите предизвикани при развој на болеста. „Едно лице со повеќе вирусни честички ќе страда повеќе од личност со помалку вирусни честички во себе“, вели вирусологот на универзитетот Сасекс, Алисон Синклер.
„Инаку, се уште не ги знаеме симптомите кои се појавуваат при различен степен на болест, но доколку постои некаква корелација помеѓу количината на внесениот вирус и симптомите, тоа може да биде клучно за да се разбере однесувањето на вирусот и реакцијата на организмот“, додава таа.