Даниела АРСОВСКА
Денес угостителскиот сектор соопшти дека нема да ги користи економските мерки, бидејќи со вакви мерки само дополнително ќе се задолжат.
Економска логика има, треба кризата да ја преживеат, за некој нов ден можеби да се обидат да работат повторно.
За оние кои не ги разбираат, едноставно е, ако си мртов како ќе работиш?
Постов коинцидира со нивниот револт јавно искажан денес, но важи за бројни други дејности.
Прочитав многу коментари на луѓе кои ги осудуваат и единствен заклучок ми е, некој не отворил и не работел никогаш приватно, некој нема познавања од географија и некој нема познавања од математика.
1. Ако не си почнал никогаш нешто сам, не знаеш како им е на тие луѓе, не ги суди, тие на твоето место биле, ти на нивното не!
2. Газди со јахти, хациенди и џипови има 1 отсто во државава и тие не се угостители, туку олигарси кои денешниве критизери ги величаат и не смеат да им писнат. Кога ќе имате храброст на олигархијата да и се спротивставите тогаш ќе разговараме. Ама затоа маливе фирми веднаш се напаѓаат и навредуваат, а извинете заборавив малите само го полнат буџетот со чесна работа, ама не финансираат политички кампањи.
3. Кој нема познавања од географија, не знае можеби дека Македонија не е само Скопје, има и многу други градови и населени места каде кафето не чини многу во угостителски објект, а замислете и тие луѓе кои немаат ниту денар на сметка од што се присилно затворени, се криви за се, а не институциите што не им помагаат. (ова за оние кои денес за цената на кафето се фатија, а во Солун кога го плаќаат 10 евра не им смета)
4. Ајде и малку математика, кафе кое магично се појавува на маса кога ќе посакате да седнете во угостителски објект чини ??? денари. Во секој град математиката е различна некаде се плаќа повисока цена но има и повисоки трошоци.
А математиката вели,
кафе не е = на кафе + вода +(млеко+шеќер/по вкус) туку
кафе е = на кирија + опрема + струја + вода + набавки + кредит + фирмарина и 100 парафискални давачки и даноци + трудот на сите луѓе кои работат!
Мислам е јасно или сепак не?