Сакам да ве поздравам, но и да го честитам големиот македонски празник Цветници. Во овој момент Македонија се наоѓа во огромна криза, но не само Македонија, туку и целиот свет. Затоа во овој миг сакам да ги поздравам оние што се во првите борбени линии за справување со овој вирус, а се разбира тоа се докторите, медицинскиот персонал, полицијата, армијата и сите останати.

Ова не е време за политика и политиканство, но мора неколку работи да ги споменеме. На овој ден требаше да има избори и сите знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ на овој ден ќе победеше и ќе ја формираше новата влада во Република Македонија. Но кога и да има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, бидејќи народот е со ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе препознае кој најдобро знае да ја води економијата и државата.

Во овие моменти кога се соочуваме со огромна криза, власта нема слух за многу работи. Постојано велиме дека веднаш треба да се најдат средства како да им се помогне на малите и средни претпријатија. Но власта реши наместо веднаш да најде пари за стопанството, како да ги даде новите плати на СЈО односно нови бонуси на корумпираното СЈО.

Наместо веднаш да распише јавни набавки за медицинскиот персонал како да им се помогне со опрема тие решија како да направат нови постапки за нови привремени вработувања за своите партиски сопартијци.

Затоа апелираме, не е време за вакви партиски препукувања но мора да престанете со сите овие погубни политики.

Сконцентрирајте се веднаш, распишете постапки, итни јавни набавки како да гоо опремите целото здравство за оние што се во првите борбени линии да не бидат голораки.

Веднаш да и се помогне на целата полиција исто така. Прекинете со оние ставки во буџетите каде што навистина нема потреба во овој момент, туку насочете се кон оние капитални вредности и проекти и она што во овој момент е најпотребно а тоа е како сите да помогнеме за да се спречи овој вирус и како да се помогне кон здравјето на граѓаните.

Затоа апелирам, разум кон власта, не е ова политиканство и политички поени, туку помогнете на народот бидејќи вие сте сега на власт. Не само да правите личен пи-ар туку да помогнете навистина во овој момент кога сите се обидуваме да ги почитуваме мерките, сите пробуваме да се заштитиме и да ја зачуваме државата, а пред се народот.

Затоа сакам да ве поздравам сите вие што ги почитувате мерките, сите што седите по домовите, на терасите, во дворовите и овие тешки денови да ги поминеме и пребродиме.

Затоа Македонијо ве поздравувам, ќе победиме, Македонија ќе испадне посилна и ќе го победи и надмине ова зло. Затоа чувајте се сите и Македонија ќе има подобри времиња.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ