Гатузо се насмеа на информацијата дека ќе биде отпуштен

/ 26.07.2018

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо се насмеа на веста дека ќе биде отпуштен од претседателот Паоло Скарони.
Гатузо го презеде Милан минатата година кога го смени од тренерската позиција Винченцо Монтела.

Минатата сезона, Гатузо го пласираше тимот на шесто место во Серија А.

Во последниве денови, беше објавено дека Антонио Конте ќе го промени популарниот „рино“ на тренерската позиција во клубот.

– Овие приказни ме смеат. Секој ден сум посмирен и посреќен со мојата работа. Со Леонардо бевме соиграчи. Потоа тој беше мој тренер и сега ќе ми биде шеф и ќе мораме да работиме заедно. Имам голема почит кон него. Имавме некои проблеми во минатото, но пред неколку години сè расчистивме. Токму сега нашиот приоритет не е нашиот однос. Од големо значење и за двајцата е Милан да биде на многу високо ниво, изјави тренерот на „росонерите“.

Тој потоа се осврна на поразот на неговиот тим од Манчестер Јунајтед во „Интернешнл Чампионс Купот“.

– Задоволен сум од претставувањето на тимот во контролата против Манчестер Јунајтед. Задоволен сум од карактерот што го покажаа младите фудбалери. Честопати сме принудени да играме со гол заостанување или уште посериозно. Јас сум задоволен со речиси сè што видов. За Манчестер Јунајтед не настапија некои важни играчи, но ние сме млад тим кој мора да продолжи да игра на ист начин, смета тренерот на Милан.

Гатузо додаде и дека пристигнувањето на Роналдо во Јувентус е многу важно за италијанскиот фудбал.

– Долго време најдобрите играчи во светот ја заобиколуваа Италија, рече уште Џенаро Гатузо.


Од истата категорија