Раководството на Челси преговараше со играчите за намалување на платите за најмалку 10 отсто. Според „Дејли мејл“, лондонските фудбалери се склони да се согласат на ваков потег, но има разлики во однос на процентот на пари.

Некои од поискусните играчи се обединети во идејата да му помогнат на клубот, за кој се очекува да заштеди околу 8-10 милиони фунти. Челси се надеваше дека ќе ја намали платата на своите играчи за 30 отсто, но сега тие се подготвени за компромис за да постигнат договор.

Сопственикот на клубот Роман Абрамович и клубот се меѓу најактивните од почетокот на кризата во нивните напори да помогнат. Хотелот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон е отсапен на здравствените работници, а истото беше направенои со друг хотел.