Клучно во наредниот период ќе биде поголема активност, поголема видливост на полицијата, поголема видливост на редарските служби, во банките, во маркетите, во поштенските единици, сите да ги почитуваме мерките, тоа е за доброто, намерата не е да се казнува воопшто, намерата е да се опоменува, да се укажува на граѓаните, наведува на неговиот фејсбук-профил премиерот Оливер Спасовски.
Тој, во однос на мерките преземени за пандемијата од Ковид-19, посочу оти е задоволен што нашите стручни луѓе, епидемиолози, Комисијата за заразни болести, многу навремено реагираат во насока на давање на предлози до Владата.
– Горд сум што целата Влада преземавме многу рано, ако гледаме споредбено со државите од регионот, превентивни мерки што ќе помогнат во справувањето со коронавирусот, истакнува Спасовски.