ЕХФ го „елиминира“ Вардар, во Келн ќе играат Барселона, ПСЖ, Веспрем и Кил

/ 24.04.2020

Европската ракометна федерација денеска го потврди тоа што долго време се најавуваше низ медиумите – откажани се осминафиналните и четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите, објави 24rakomet.mk.

Тоа значи дека Вардар е веќе поранешен европски шампион и е елиминиран но не од ПИК Сегед, кој требаше да биде ривалот во ЛШ. Ширењето на коронавирусот ја натера ЕХФ да ги откаже овие натпревари и да ги испрати на завршниот турнир во декември најдобрите четири екипи во групната фаза.

Тоа значи дека во „Ланксес Арена“ во Келн на 28 и 29 декември ќе ги гледаме Барселона, ПСЖ, Веспрем и Кил, а еден од нив ќе го замени Вардар на европскиот престол.

Во женска конкуренција, исто така се откажани четвртфиналните средби и на завршниот турнир во Будимпешта во „Ласло Пап Арена“ ќе играат Ѓер, Брест, Мец и Есбјерг.


Од истата категорија