Патничко возило и дел од тераса на стан се оштетени во пожарот што вчера избувнал на улицата „Маршал Тито“ во Кочани.
Полициската станица во Кочани информира дека вчера во раните утрински часови односно во три часот на тераса од стан на улицата „Маршал Тито“, сопственост на 36-годишниот М.Ѓ. настанал пожар, при што биле оштетени настрешница на тераса, сопственост на О.Е.(46) и патничко возило „тојота“, сопственост на Н.С.(45).
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица во Кочани, а увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани.