Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ
Во услови на пандемија со КОВИД-19 македонскиот народ има два проблеми: како да се заштити од вирусот кој и не е така едноставен како што се мислеше, но и како да се справи со сиромаштијата наметната поради немоќта на сегашните политичари да делуваат мудро и да ја извадат земјата од колапсот кој ни претстои.
Лесно ќе ни беше ако бевме Естонија. Естонскиот премиер ја презема улогата на лидер во вистинска смисла на зборот, правејќи неколку важни чекори за економијата на земјата. Покрај идејата да се искористат парите од приватниот пензиски столб, сега слушаме дека акцизата на дизелот во Естонија се намалува.
За разлика од кај нас, како антиkpизна мерка Естонија од први мај ја намалува акцизата на дизелот за 9 денари по литар. Владата на Естонија оваа мерка ја презема со цел да им помогне на своите граѓани во ова време на криза.
Во Македонија беше зголемена акцизата за горивата за три денари, со што беше ставен уште поголем терет на грбот на граѓаните.
За сметка на тоа СДСМ се фали дека кај нас нема инфлација и ценовен шок, а ВМРО шири лаги. Да ги потсетиме: вчерашното намалување на нафтените деривати се случи заради тоа што нафтата и нејзините деривати паѓаат на светските берзи. Покачувањето на акцизите се случи заради тоа што СДСМ сака да го полни буџетот со пари од осиромашените граѓани и малите стопанственици кои едвај се држат на нозе.