Уште еднаш покажуваме колку се значајни капиталните проекти во Прилеп и Прилепско, објави министерот за транспорт Горан Сугарески.
– Големите инвестиции земаат се поголем и поголем замав. Деновиве се асфалтира патот од Кадино Село до Галичани, еден од многуте ветени и исполнети проекти за жителите на Прилеп, објави Сугарески на Фејсбук.
Од ветените капитални проекти во вид на 500 км автопати низ Македонија, како што беше ветено пред доаѓањето на СДСМ на власт, досега нема ниту еден километар и ниту еден чочек. Оној кај Демир Капија не се брои, оти актуелната власт играше чочек на пуштање на готов проект од претходната власт или „режим“, како што тие милуваат да кажат.
Но, добро е тоа што наскоро ќе има чочек во Кадино Село или во Галичани. Важно е да има песна и оро, сеедено дали капиталниот проект е автопат или селски пат. А и зошто да нема чочек за пат, кога можеше „чочек“ со диџеј да се игра во ГТЦ за пуштање на стара автобуска постојка од новиот градоначалник Петре Шилегов!? Битно е да се вртат парите и чочеци… За капитални инвестиции како постојката за 50-ка и „автопатот“ од Кадино до Галичани.
(Д.Г.)