Новиот бран на инфекции во Кина, очигледно предизвикан од мутиран коронавирус, не е причина за паника. Со мутација, SARS CoV-2, вирусот кој всади страв во светот, наскоро би можел да стане обична настинка, пишува „Дојче веле“.
Развојот на ефикасна вакцина или лек против новиот вид коронавирус е комплициран токму затоа што вирусот постојано се менува. За околу половина година од избувнувањето на пандемијата, научниците регистрирале 100 различни мутации на SARS CoV-2 ширум светот.
Ваквите варијанти или промени се нормални, бидејќи генетската структура на вирусот се менува и се појавуваат нови подвидови. Исто така можат да се променат и карактеристиките на вирусот. Последиците можат да бидат слабеење на оригиналниот вирус, но и тој да стане поагресивен.
Различните варијанти исто така потврдуваат зошто еден патоген во одреден регион на светот предизвикува бранови на инфекција со различна тежина и зошто луѓето реагираат различно на инфекцијата.
Страв од втор бран во Кина
Кина, земјата од која потекнува вирусот, со ограничувања на движењето, успеа да го доведе под контрола SARS CoV-2 . Во последните неколку недели, тестирани се само луѓе кои се вратиле од странство.
Неодамна, во некои кинески провинции повторно се регистрирани нови инфекции, а овој пат е јасно дека тие потекнуваат од Кина.Во исто време, првите тестови покажаа дека во Кина циркулира нова варијанта на патогенот. Вирусот SARS CoV-2, пронајден во Пекинг, малку се разликува од оној што претходно ја погоди Кина, изјави кинескиот епидемиолог Зенг Гуанг за „Глобал тајмс“. Резултатите сега треба да се споредат со анализи од други земји за да можат да се следат линијата на потекло на патогенот.
Последователни мерки за заштита
Актуелната трага од вирусот ги однесе здравствените служби буквално до таблите за сечење увезен лосос, на пазарот на големо Ксинфади во Пекинг. Сепак, не е познато од каде потекнува лососот, со оглед дека Кина увезува ваков вид риба од Норвешка, Чиле, Австралија, Канада и Фарските острови.Но, вирусот да се шири од лососот кај луѓето е многу изненадувачки. Досега е откриено дека опасноста од пренесување е најголема кога станува збор за цицачи како што се коњи, овци, зајаци или мачки. Кога станува збор за влекачи, риби или птици, ризикот од пренесување е, според претходните студии, многу мал.
Сепак, пазарот на големо Ксинфади беше затворен од превентивни причини. Околу 10.000 трговци и вработени треба да бидат тестирани за вирусот SARS CoV-2 што е можно поскоро.Покрај тоа, неколку станбени блокови во јужен Пекинг се блокирани, а училиштата и градинките се затворени. Планираното отворање на училишта во Пекинг е одложено, откажани се спортски натпревари и групни патувања во други провинции.
Како се случуваат мутации?
За да се размножат, вирусите ги користат клетките на домаќинот. Кога вирусот го напаѓа домаќинот, тој од јадрото испушта генетски информации во заразената клетка. На овој начин, клетките на телото репродуцираат милиони копии на вирусот. Меѓутоа, во такви репродукции се случуваат грешки во копирање и секоја грешка го менува и генетскиот код на вирусот – мутира.
Каде и како новиот вирус корона SARS CoV-2 за прв пат е пренесен на човек, досега не е разјаснето. Научниците досега претпоставуваа дека вирусот се проширил во кинескиот град Вухан. Се претпоставува дека протеинот со кој вирусот се врзува за клетките веќе мутирал кај животните-домаќини; можеби во лилјак или некој вид оклопик. Во секој случај, оваа мутација овозможи пренесување на вирусот на човечки клетки.
Човечкото тело е во принцип само во ситуација да се брани од вакви вируси. Произведува антитела, кои го штитат од вирусот и го прават имун на патогени што предизвикуваат болести.
Но, ако патогенот мутира, а антителата се програмирани на постара верзија на патогенот, тогаш антителата се помалку ефикасни.
Од истата причина, редовно добиваме настинка. Затоа што, нашите тела веќе создадоа антитела кај претходната, но за нова мутација на патогенот немаме нови антитела.
Дали мутациите се опасни?
Кристијан Дростен од берлинската болница „Харите“на мутациите гледа позитивно. Новиот вирус се репродуцира уште подобро во носот и подобро се пренесува “, рече вирологот, укажувајќи на најновите истражувања. Со мутацијата, која првенствено влијае на носната област, вирусот би можел да се размножува подобро”, што доведува до епидемија навистина да ослабне со текот на времето “, рече Дростен.
Еден вирус дури може да биде толку ослабен со мутации што на крајот целосно исчезнува, како што беше случајот со патогенот САРС-КоВ во 2003 година.
Веќе летото 2003 година, бројот на ново заразени лица постојано опаѓаше. Во мај 2004 година, Светската здравствена организација објави дека е надмината пандемијата со САРС.