Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги критикуваше мерките против коронавирусот во Англија, споредувајќи ги со оние во родната Германија.
Тој ги следи правилата на Германија дури и на Островот, но тоа го прави понекогаш да се чувствува чудно.
– Јас лично не разбирам зошто започнавме да носиме маски во затворено на 15 јуни, додека во други земји тоа се прави веќе 5-6 недели. Може да се расправа дали се корисни, но факт е дека во земји каде што носат маски, бројот на жртви е помалку отколку во Англија. Ова е факт. Ако во Германија сакате да влезете во продавница без маска, нема да ви биде дозволено. Со маска можете да одите насекаде. Сум видел луѓе со дополнителна заштита како што се шлемови. Еве, кога излегувам со маска и нараквици, се чувствувам чудно, затоа што нема други како мене. Јас ќе продолжам да ги носам се додека не објават дека пандемијата е завршена, рече Клоп.