Охридскиот автобуски превозник АД „Галеб“ повторно ги вопоставува редовните меѓународни врски со Белград и Нирнбег.

Првиот автобус од Охрид за Германија тргнува в сабота на 27 јуни, додека враќањето од Нирнберг е на 1 јули. Понатаму линијата за Германија ќе оперира според стандардниот распоред, двапати седмично и тоа во среда и сабота од Охрид и истите денови од Германија.

Исто така од од 28 овој месец повторно ќе биде воспоставена секојдневната редовна линија од Охрид до Белград.

Од „Галеб“ уште најавуваат дека ќе бидат повторно оперативни и неколкуте дневни линии за Скопје, и преку Кичево и преку Битола.

Сите линии беа времено запрени поради ситуацијата настаната со епидемијата на коронавирусот.