Руските државјани во земјава на 1 јули ќе можат да гласаат за измени на Уставот на Руската Федерација во просториите на Амбасадата на Русија во Македонија.
– На 1 јули 2020 година од 08:00 до 20:00 часот во просториите на Амбасадата на Руската Федерација (ул. Пиринска бр. 44) ќе се одржи гласање за измени во Уставот на Руската Федерација во кое ќе учествуваат државјаните на Русија кои постојано или привремено престојуваат во РС Македонија, соопшти руската Амбасада.
Од денеска во Русија почнува да се гласа на референдум за уставните измени. Гласањето требаше да се одржи пред повеќе од еден месец, но беше откажано поради пандемијата на коронавирусот.