Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди за британските медиуми дека „граѓаните“ ќе организираат шампионски шпалир за Ливерпул по повод освојување на титулата, а тоа ќе се случи на натпреварот помеѓу двата тима на „Етихад“, кој е дел од 32- рунда од Премиер Лигата.
– Секако дека ќе направиме шпалир. Тие го заслужуваат тоа, прокоментира Гвардиола.
Натпреварот Манчестер Сити – Ливерпул ќе се одигра на 2 јули (четврток).