Најмалку 40 лица се повредени при експлозија на автомобил-бомба во северниот дел на авганистанскиот град Ајбак, соопштија денеска официјални претставници, пренесува германската агенција ДПА.
– Постојат стравувања дека има и мртби, посочија заменик-гувернерот на провинцијата Сефатулах Самангани и локалниот советник Раз Мохамед.
По бомбашкиот напад, дошло до размена на оган меѓу напаѓачите и безбедносните сили стационирани во областа, соопштија официјалните лица.
Точната цел на нападот не е позната, но возилото експлодираше во близина на одделот за разузнавање на агенцијата за провинцијата Саманган и центарот на градот, според официјалните лица.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.