Очигледно изборниот процес во Република Македонија беше нарушен. ВМРО-ДПМНЕ и покрај целиот фалсификат и масовен поткуп на СДСМ и Зоран Заев, иако го притискаа гласачкиот електорат со најбрутални методи, се закануваа, злоупотребуваа и директно купуваа гласови за што има записници во МВР, ВМРО-ДПМНЕ победивме во 41 општина, а СДСМ само во дваесетина, истакна денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните испратија порака дека на Република Македонија и е потребна „Обнова“, а не криминалци и криминална влада како СДСМ и Зоран Заев. Вклучително ОБСЕ и ОДИХР во својот извештај за предвремените парламентарни избори испрати јасна порака дека е нарушената правната стабилност на државата и има правна несигурност. Аналогно на тоа и сите донесени ад-хок регулативи од Владата на СДСМ во вонредната состојба, интервенирајќи во Изборниот законик, како и значителните ревизии на Изборниот законик допринесоа да се поткопа правната стабилност и нормално да влијае во корист на СДСМ. И покрај сите препораки, власта недоволно направила за да се решат системски и структурно забелешките од страна на ОДИХР. Ова е најдобар пример дека власта на СДСМ свесно одела на изигрување на волјата на граѓаните, за да се спаси од одговорноста од криминалот и корупцијата кои ги работеа изминатите 3 години додека беа на власт, наместо да работат за добробит на граѓаните и државата, истакна тој.
Арсовски порача дека народот не ги поддржува СДСМ тоа е очигледно, и затоа го направија најголемиот и најмасовниот поткуп и фалсификат на изборната волја.
-ВМРО-ДПМНЕ останува најсилна политичка партија, а народот испрати јасна порака дека е за обнова. Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачното пребројување гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат. Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000 несвојствени за ваква излезност на еден изборен процес. Да потсетам уште еднаш, дека функционери на СДСМ и нивни експоненти јавно водеа кампања да се шкртаат ливчиња, претставувајќи го како повик на ВМРО-ДПМНЕ, што е кривично дело во изборен процес. Потребно е да се заштити волјата на граѓаните и да се тргне дамката од изборниот процес. Ние остануваме рамо до рамо со граѓаните, бидејќи тоа е нивната волја е обнова, а не криминал и корупција предводена од СДСМ, порача Арсовски.