ВМРО-ДПМНЕ почнува со процесот на кадровско освежување и најавено од страна на претседателот на партијата Мицкоски. Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ова се вели:
Во таа насока, а врз основа на Статут од денес распишуваме два јавни повика, првиот за избор на претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани.
Во прилог ги испраќаме двата јавни повика, како и потребната апликација во електронска форма.
Огласите се активни до 15.08.2020 година, деталите околу огласот се содржани во јавниот повик.
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите членови на партијата кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да дадат свој допринес во борбата за подобра иднина на нашата татковина.
Процесот на освежување ќе продолжи во периодот пред нас.