Додека носењето маска станува задолжително во многу градови, некои Французи се згрозени од оваа мерка, која, според нив, ја попречува нивната слобода.Сепак, противниците на маските во Франција сепак се многу малку, јави дописникот на МИА.

-Вчера успеав да влезам во две продавници без маска, бев многу среќна. Минатата недела ги отстранив 12-те постери што чуварот ги стави во влезот, Франсоаз ги брои малите победи откако носењето маска стана задолжително на затворени јавни места, раскажува таа со изменето име за Фигаро. Притоа своите „победи“ ги споделува на „антимаскерска“ група на Фејсбук.

Во Франција постојат околу десетина вакви групи, со неколку илјади луѓе што се членови, простор за взаемна поддршка. Но, исто така и на борба. Членовите на овие групи ги раскажуваат нивните „подвизи“ на неносење на маска.

Тие прават селфи без маска во продавница, шијат и носат проѕирна маска од мрежи, така што таа е намерно бескорисна … Сите облици на отпор против „уздата” се предвидени.

Тие своите ставови ги правдаат со повеќе образложенија.

За некои, овој тенок „слој на хартија“ не е доволна заштита од вирусот. За други, напротив, маската ќе предизвика задушување што е тешко да се поднесе. Но, за сите, фактот дека носењето маска стана задолжително „покренува прашања“.

Реверзиите на владата во однос на важноста, или не, на маските во борбата против вирусот ја влошија довербата на Французите како целина: според анкетата на Одокса за „Ле Фигаро“, објавена на почетокот на април, 76 отсто од нив процениле дека владата ги „лажеше“. Сепак, тие не беа жестоко спротивставувани на маската: 72 отсто бараат таа да биде задолжително во сите општини.

Ова не е случај за најрадикалните „антимаскери“, за кои задолжителното носење маска не е чесна мерка на јавното здравство. Додека едни сметаат кога ја ставате маската станувате интелектуално ранливи, го губите вашиот идентитет, станувате идеален плен за трансхуманистичките и окултни сили кои сакаат да ве уништат во името на Новиот светски поредок. Други ја сметаат маската како тројански коњ, чија цел е населението да биде послушно.

За Паскал Вагнер-Егер, наставник-истражувач за социјална психологија на Универзитетот во Фрибург, не е изненадувачки што маската им даде елан на заговорниците. Појачани од социјалните мрежи, теориите на заговор шират недоверба кон политичките и здравствените власти.

Демонстрациите против санитарните мерки што се забележани во последните неколку недели во САД, Велика Британија или Германија ги галванизираат неколкуте илјади француски антимаски, кои исто така се обидоа да организираат митинг. Прво беше 8 август, сега 15 август, почетокот на септември … Неколку датуми кружат, но засега нема демонстрации.