Т.н. иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа прес-конференција пред седиштето на партијата, од која бараат оставка од лидерот Христијан Мицкоски, и свикување на вонреден конгрес за избор на нов претседател.

На прес конференцијата на новинарско прашање дали групата има контакти со поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков тие одговорија потврдно.

Имено пред одржувањето на прес конференцијата поголемиот дел од групата пристигна од хотелот Мериот кој е во сопственост на Мијалков и во кој се вратија веднаш откако заврши прес конференцијата.

Во групата која беше пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беа и Ивица Конески, екс градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром каде во 2017-та општината му беше препуштена на Златко Марин и Филип Петровски.

Порталот КУри нивниот настап го окваификува со зборовите: Тргнаа од Мериот и се вратија во Мериот, алудирајќи на нивната поврзаност со Сашо Мијалков во чија сопственост е хотелот.