Претставници на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари” денеска побараа средба со новиот министер за земјоделство, со цел разгледување и решавање на проблемите со кои се соочуваат пред годинашниов гроздобер.
Претседателот Златко Стојчев рече дека се нема слух за да се разговара за маките на лозарите.
-Бараме средба со министерот, градоначалниците од нашиот лозарски регион, за утврдување на цената за килограм грозје. Со различни цени се прави раздор помеѓу лозарите. Бараме заштитна цена за килограм грозје, плус субвенции од државата во оваа кризна година, нагласи тој.
Дане Јошев додаде дека не знаат што да прават, а бербата почна на некои сорти.
-Ако нема средба, размислуваме и за блокирање на винарии кои немат разбирање за проблемите на лозарите, рече Јошев.
Тој се осврна и на други проблеми како суша, проблеми со наводнување и слично.
Диме Соколов нагласи дека никаде во светот нема цена на производство која е поголема од цената на продажба. Како да се одлучат младите да работат земјоделство при вакви услови, праша тој.
Лозарите рекоа дека размислуваат и за истурате на грозјето во знак на револт, како и блокирање на патишта.