Владата на Република Македонија најостро го демантира како невистинит текстот насловен како: „Артан Груби со шлаканици го избркал Драги Рашковски: Физичка пресметка за добро уредениот кабинет“.

Најостро се демантира оваа вест и содржината изнесена во веста, категорично отфрламе дека имало каков било инцидент помеѓу првиот вицепремиер Артан Груби и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Претходно, повеќе медиуми како Вечер.мк, Република итн. објави дека од владини неофицијални извори се дознава дека вчера се случила физичка пресметка меѓу вицепремиерот Артан Груби и владиниот генерален секретар Драги Рашковски.

Според Вечер.мк, анимозитетот меѓу нив двајца постои од самиот почеток на новата влада кога Груби, првиот заменик на премиерот Заев, се вселил во добро уредениот кабинет на генералниот секретар.

Рашковски се бунел за ваквата постапка, но залудно.

Според медиумит, вчера тензијата кулминирала кога Рашковски одбил на Груби да му ги предаде сите клучеви од кабинетот, како и од помошните простории и кабинетскиот сеф, при сто настанала гласна расправија, викање, кое, според неофицијалните извори на владини службеници, на крајот кулминирало со два три удари кои вице премиерот Груби му ги задал во пределот на вратот и главата на Рашковски.

Потоа биле разделени, а преку вработен службеник во секретаријатот Рашковски покасно му ги пратил сите клучеви на вицепремиерот Груби, кој од вчера и официјално е сместен во довчерашниот кабинет на генералниот секретар.

Владината служба сега бара друга канцеларија за Драги Рашковски.

Ова не е прв инцидент и физичка пресметка во која учествува или ја предизвикува Артан Груби.

Но, ова е прв пат од 90-ттите години наваму, во просториите на Генералниот секретарјат, односно кабинетот на Генералниот секретар на Владата да го земе вицепремиер. Овие простории кои се наоѓаат во шестата кула во зградата на Владата се најблизу до кабинетот на премиерот, кој се наоѓа во третата кула.

– Откако Груби си го зема кабинетот на Рашковски, а тоа беше веднаш откако беше назначен на функцијата прв вицепремиер, Генералниот секретар на Владата беше практично приморан да се исели и да оди во четвртата кула. Таму тој сега практично е во кабинетот на досегашниот министер без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, функција која е веќе укината, вели изворот на Фактор.

Истовремено, отсекогаш кога се менувале гарнитурите во Владата, имало преземање на кабинети и преуредување по личен вкус на новоименуваниот функционер, но ова е прв пат, вицепремиер да седне во кабинетот на Генералнот секретар на Владата


Од истата категорија