Канадската провинција Британска Колумбија воведува нов тест (испирање на грлото со физиолошки раствор) за деца од градинка до 12-то одделение за да го олесни нивното тестирање за Ковид-19.
Здравствената работничка Бони Хенри изјави дека Британска Колумбија е прва во светот што користела ваков тест.
– За разлика од брис од нос, ова е ново физиолошко средство за плакнење за грлото, каде ставате малку физиолошки раствор, тоа е стерилна вода во устата, малку прожабуркате и исфрлете во мала цевка, рече Хенри.
Таа вели дека производите произведени во Британска Колумбија ќе ја намалат зависноста на покраината од глобалниот синџир за снабдување за лабораториско тестирање.
Тестот е поефикасен и ги скратува долгите редици и чекања и може да го направат родители и деца без здравствен работник.