Мик Шумахер: Големата цел е Формула 1

/ 10.08.2018

Синот на легендата Михаел Шумахер – Мик потврди дека неговата голема цел останува учество во Формула 1.

Пред неколку дена, шефот на Ф1, Чејс Кери изјави дека ако 19-годишниот пилот, син на седумкратниот светски шампион, успее да си го отвори патот до посакуваниот мотоспорт, тоа ќе биде „прекрасна приказна“.

Неодамна синот на Шумахер победи на трката од Европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија.

– Имам само убави спомени од „Спа“. Секој знае дека за татко ми тоа беше како „дневна соба“. Сакам да се натпреварувам тука, бидејќи знам добро дека и тој сакаше, истакна Мик.

Засега синот на Шумахер е осми во генералниот пласман во Формула 3.

– За жал, досега среќата не беше на моја страна, но се надевам дека во остатокот од сезоната ќе биде различно. Се разбира, мојата најголема цел останува Формула 1. Но, ние напредуваме постепено, со мали чекори, додаде тој.


Од истата категорија